Реџеп Демири конзул на Македонија во Минхен Германија на својот Фејсбук профил го честита денешниот ден „ослободување“ на Слупчане и Карадакун.
Стотици војници на националната ослободителна армија – заземаа точки за да ја заштитат албанската татковина, права и здив насекаде.Засекогаш во нашите сеќавања, маченици на нацијата.Слава им-напиша конзулот.
Демири е поранешен член на терористичката организација УЧК е назначен за нов Генерален конзул во македонскиот генерален конзулат во Минхен во јули 2019 година.
На 4 мај околу 4.000 албански герилци од Косово упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на Куманово. Со ова, се отворил уште едно бојно поле. Борби се воделе во селата Слупчане, Ваксинце, Матејче, Липково, Оризари, Отља итн. Развојот на војната во тој момент бил на страната на ОНА. По ова следеле двонеделни позициони борби. На 24 мај, македонските безбедносни сили започнале голема акција во селата Ваксинце и Слупчане при што било ослободено Ваксинце
Comments are closed for this post.