Власта и опозицијата постигнаа начелен договор околу начинот на избор на претседател на Собранието. За ова прашање се дискутираше во рамки на дијалогот „Жан Моне“ заедно со европратениците, Кукан, Вајгл и Ф лекенштајн. Ќе се реагира во Деловникот во однос на конститутивната седница која сега ќе може да трае најмногу два дена и ќе ја води најстариот пратеник.
Овие измени се прават за да се избегнат случувањата од 27 април по парламентарните избори во 2016 година. Тогаш власта и опозицијата имаа спротиставени мислења кој треба да ја води седницата, дали актуелниот спикер Трајко Вељановски или пак најстариот пратеник Бранко Манојловски од ДУИ што беше повод за тензии.
Eвропратеникот Вајгл вчера го пофали Парламентот како единствениот функционален парламент во регионот.
Северна Македонија сега е спомната како пример за лидерство во регионот и како земја која има најмногу шанси да стане членка на ЕУ во блиска иднина – смета Вајгл.
Comments are closed for this post.