Советот на Општина Охрид на денешната вонредна седница од 15 гласа го избра Константин Георгиевски за вршител на должноста градоначалник.
Георгиевски е координатор на советничката група на СДСМ и ќе го замени проф. д-р Јован Стојаноски, кој ненадејно почина на 15 декември на 48 годишна возраст. По назначувањето на функцијата тој изјави дека ќе се залага за продолжување на реализација на проектите и исполнување на визиите на неговиот претходник.
Георгиевски ќе ја извршува градоначалничката функција до вонредните избори за градоначалник што ќе бидат распишани дополнително, најверојатно заедно со претседателските.
Comments are closed for this post.