Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска нема да подигнува и транспортира отпад од индивидуалните домаќинства (канти со зафатница 1,1м3) освен во руралните средини каде што активностите ќе се одвиваат со вообичаената динамика.
Како што соопшти претпријатието, екипите задолжени за одржување на хигиената на јавните површини во градот Скопје, првиот ден од новата година ќе ги започнат своите активности во 1 часот.
Во празничните денови, екипите на „Комунална хигиена“ – Скопје ќе го подигнуваат и транспортираат отпадот од колективните домаќинства (контејнери со зафатнина од 1,1м3 и 3,2м3) со изменет распоред.
– Третата смена денеска ќе започне со работа во 18 часот, додека на 1 јануари првата смена ќе започне со работа во 9 часот. На 2, 6 и 7 јануари, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе ги реализира своите стандардни активности, согласно Оперативниот план и програма за работа, соопшти претпријатието.
Comments are closed for this post.