Се јави антизападниот агент Никола Груевски, им напиша команди на неговите пиони, Мицкоски и Бачев против Македонија.Кукавицата Никола Груевски, шефот на Мицкоски, Бачев и Иванов, дели наредби по социјалните мрежи, во очајни обиди да направи некаква штета на напредокот на земјата, на приближувањето кон ЕУ и НАТО, реагираат од СДСМ по објавата на Никола Груевски на Фејсбук.
Не останаа луѓе што ќе ги слушаат антимакедонските команди на Груевски.
Командантот на насилствата и сценариото на 27-ми април бадијала се залажува, за граѓаните тој одамна е завршена приказна, дел од црното, темно минато кого го чека соочување со правдата.
Немало поголемо зло што и се случило на Македонија и на сите нејзини граѓани од Никола Груевски и неговото криминално, режимско владеење. Тоа граѓаните многу добро го знаат.
Македонија е многу посилна отколку што тоа си го замисливаат антизападните Груевски, Мицкоски и Бачев.
Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија оди напред и враќање назад нема!
Осудениот криминалец Никола Груевски нема да побегне од правдата. ќе ја одлежи казната за којашто е осуден и за сето зло што и го направи на Македонија.
Comments are closed for this post.