Колку време ќе калкулира премиерот во оставка Зоран Заев со формалното поднесување на писмената оставка до претседателот на Собранието, Талат Џафери?
Ова е клучното прашање, што се наметнува по синоќешната оставка на Заев и од позицијата премиер и од позицијата лидер на владејачкиот СДСМ.
Зашто, без формално поднесување на оставката во писмена форма, неговата одлука нема никаква тежина.
Дека калкулира со оставката се виде уште утринава кога наместо конкретен чекор, тој ги повика лидерите или нивните заменици на коалиционите партнери во Владата на консултации.
Без формална оставка поднесена во писмена форма до спикерот Џафери, според собранискиот Деловник, не може да започне процедурата за избор на нов премиер и нова Влада, која предвидува и дадени рокови. Заев оставката може да ја образложи, но и не мора.
До изборот на новата Влада, Заев останува премиер, а остануваат и сите министри, кои ќе ги извршуваат своите функции.
Comments are closed for this post.