Колку пати Заев тврдеше дека ја разбрал пораката, за на крај да излаже за да краде? Заев тврдеше дека ја разбрал пораката во 2019 година, кога доби и метла во метафоричка смисла да се реформира. Не само што не се реформираше, туку му се случија Ден Дончев и туцето пари, Рашковски и местените тендери, криминалите во РЕК, и наместо во затвор сите се на слобода – стои во партиското соопштние на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека Заев тврдел дека ја разбрал пораката и во 2020 година, но тргнале со Филипче по провизии од вакцини, а името на Вице од исчезнало од кривична пријава за рекет во РЕК.
Заев тврдеше дека ја сфатил пораката на народот и во 2021 година. Но што се случи потоа. Му изгореа 14 луѓе живи, а наместо одговорност од Филипче тој рече дека кабелот е виновен. Заев три пати лаже дека ја разбрал пораката, а за ниту еден криминал нема одговорност. Заев не си стои до зборот. Заев три пати лаже. Лаже и сега. Заев ништо не сфатил. Тој само лаже за да може да продолжи да краде – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.