Обвинителката и екс-шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во изјава за медиумите посочи дека повторно се кандидирала за истата функција.
Таа очекува колегите да ја поддржат.
„Да, вчера ја поднесов пријавата. Очекувам апсолутно колегите да ме поддржат и да гласаат за мене“, вели Русковска.
Русковска изјави дека повторно би направила претрес во финансова полиција. Додаде и дека порано била предет на закани но дека не пријавила сметајќи дека немало потреба.
Comments are closed for this post.