Коледарите кои од рано утрото ѕвонат по домовите го најавија Христовото раѓање. И покрај студеното време, дечиња во сите градови и села одат од врата на врата и со пеење го соопштуваат радосниот чин.

Домаќинките пак радосно им отвораат и ги даруваат со овошје, бомбони, посно чоколатца и некоја партичка.

По Коледарите, вечерва е Бадниковата вечер на која со посна трпеза ќе се крши погачата со паричка за среќа на оној што ќе ја најде.

Оваа традиција во некои делови од Македонија се прави за Василица но Црквата вели дека остава на верниците да одлучат кога ќе го празнуваат овој адет поврзан со Божик.