Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Тој, меѓудругото, информира дека дел од болничките одделенија во враќаат во нормална работа, како што е одделението за урологија, за пластична хирургија, како и Клиниката за кардиологија.
Во однос на вакцинацијата, министерот смета дека одѕивот за вакцинирање треба да биде поголем и апелира до граѓаните да се пријавуваат на сајтот „вакцинација.мк“ за кој вели дека функционира беспрекорно и нема никакви проблеми при закажувањето.
Во текот на завчерашниот ден, како што кажа Филипче, од 9.000 граѓани кои добиле термин за вакцинирање, само половина или 4.500 се пријавиле за вакцинирање.
Засега, не се дозволува избор на вакцина, бидејќи, како што рече Филипче, сите вакцини се безбедни и не се забележани контраиндикации, освен за вакцината на „Астра Зенека“ која не се дава на лица помлади од 60 години
Comments are closed for this post.