Шерифот од Форино Талат Џафери влегува од скандал во скандал. После примитивизмот и пцуењето на вработени во Собранието, дојде нов скандал занегови врски и средби со лица од Чеченија кои се верни следбеници на Владимир Путин. Додека Џафери и владата на СДСМ и ДУИ имаат полна уста за прозападна ориентација, остваруваат контакти со контроверзни ликови блиски до режимот во Кремљ. Талат Џефери на 10.07.2021 година имал средби со Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Како е возможно ваков лик да остварува средби со високи државни функционери на земја членска на НАТО, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата директно прашуваат за што разговарал Џафери со Чеченците?
– Патем, според информациите во странски медиуми гостите од Чеченија биле во посета на општина Тетово и со тогашните локални власти разговарале за изградба на споменик на Ахмат Кадиров, по кого се нарекуваат и чеченските единици кои сега ги спроведуваат најбруталните акции во Украина. Која била мисијата на Чеченците во Македонија? Какви односи имаат овие ликови со Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ? Зарем и во други земји членки на НАТО вакви лица блиски до КРЕМЉ слободно се шетаат во нивните парламенти и остваруваат средби со функционери? Талат Џафери и власта на СДСМ и ДУИ должат одговори, а претседателот на собранието и лична одговорност. Ова причина плус за негова оставка, се додава во партиското соопштение.
Comments are closed for this post.