Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе пред јавноса и да одговори дали имал улога во бегството на неговиот ментор, Никола Груевски, сметаат од СДСМ. Како што посочи партискиот пртпарол, Костадин Костадинов, Мицкоски треба да објасни која била целта на неговата посета на Будимпешта и Белград во втората половина од октомври оваа година.
Дали тие посети имаат врска со подготовката за бегство на неговиот ментор, Никола Груевски? Со кого се среќавал за време на посетите на Будимпешта и Белград и што договарал? Дали заедно со Груевски бил нацртан планот за бегство – праша Костадинов.
Како што истакна Костадинов, сите надлежни институции, особено Основното јавно обвинителство мора да отворат истрага за бегството на Груевски и сите соучесници и помагатели мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
Comments are closed for this post.