Неиспукан куршум бил оставен пред влезната врата на домот во кој живее градоначалникот на општина Гостивар и претседател на политичката партија Алијанса за албанците Арбен Таравари. Од кабинетот на градоначалникот за МИА потврдија дека случајот е пријавен во полиција.
Од СВР Тетово информираа дека во 9 часот и 34 минути Ј.Џ.(42) од Гостивар пријавил дека пред влезната врата од куќата на 50-годишниот гостиварец А.Т. во Гостивар било пронајдено зрно од автоматско оружје калибар 7, 62 милиметри. Екипа од СВР Тетово-ОВР Гостивар извршила комплетен увид, пронајденото зрно е фотодокументирано и подигнато за вештачење.
-Се расчистува и документира случајот, информираат до СВР Тетово.
Куршумот кој најверојатно според калибарот и големината е за автоматска пушка (7,62мм) го пронашол Таравари кога утрово околу 8 часот излегувал за на работа
Comments are closed for this post.