„Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани.
Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на една таква платформа и програма да ја вратиме Македонија онаму каде и е местото каква што сакавме да ја видиме во оние рани 90ти. Да биде победничка Македонија а не ваква опљачкана, понижена и напуштена Македонија, заклучи Мицкоски.
Comments are closed for this post.