„Република“ од свои извори дознава кои се лицата кои посредно и непосредно учестуваа во вчерашната тепачка во просториите на М-НАВ.„Првоосомничен“ е Беким Незири, актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен министер за економија.Незири бил вработен како советник во М-НАВ.
Покрај, Незири главен „тепач“ бил зетот на Фатон Ахмети. Ахмети е генерален сектетар во ДУИ, а неговиот зет е полицаец од Тетово.
Полицаецот во просториите на М-НАВ го натепал братот на Башким Хасани. Хасани беше поранешен заменик на одбрана но откако стана дел од фракцијата на Изет Меџити го разрешија.
Comments are closed for this post.