Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на брифинг со новинарите информираше дека имала закани од луѓе, поради како што вели, за да не ги открие постапките за незаконското работење на нејзините претходници.

Добивам закани од луѓе за да не објавувам, за да им бидат простени злоупотребите. Ако почнам да пријавувам закани ќе треба по цел ден да бидам во полиција. Сепак, јас овде нема да застанам, ниту да потклекнам – вели Арсовска.