Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Република Македонија.

За време на посетата на Македонија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

Во рамките на својата посета на нашата земја, специјалниот претставник Пич со своите соговорници ќе разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата.

Кој е Стујарт Пич

Сер Стјуарт Пич е искусен офицер за воздушно разузнавање, кој се искачи на врвот на британската армија, а потоа и на самиот НАТО. Тој беше врзан за Балканот само со командата на воздушните операции на КФОР.Познат  ветеран од бројни боишта – од Авганистан и Ирак до Либија. Тој до август годинава беше претседател на воениот комитет на НАТО