Во семејството Ахмети секој се занимава со различен бизнис. Како во секоја фамилија сите се тука еден за друг да си помагаат. Главата на семејството Али по воената кариера е во политиката, поточно во власта.
Неговата ДУИ две деценции во власта, без разлика дали како коалициски партнер ја имаат СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Али сите конци во државата ги води од родниот Зајас каде има куќа проценета на 100.000 евра.
Али има брат кој се вика Фекри со кој се многу блиски. Тие живеат еден до друг во Зајас а блиски се и нивните деца, т.е братучедите Ахмети.
Фекри го направи полуларен Ел Чека кој објавуваше бомби за него и за брат му Али. Во една од нив тие двајца разговараат како да „направат пари“.
Во едно од обраќањата до јавноста Фекри повика да се стремиме кон Албанија за да се спасиме од опасноста овде.
О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии. Не се карајте, не се разделувајте оти непријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает-повикуваше Фекри.
Во друга бомба пак на Ел Чека, Фекри Ахметии Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да нe ги изгyбaт тендерите во ТЕЦ Осломеј.
Претприемачкиот дух на Фекри го наследи неговиот син Дрин кој го купи трговскиот центар Соравија а се заминава и со ископ на варовник кој го продава на ЕСМ.
Comments are closed for this post.