Бизнис партнерот на Заеви во бизнисот со марихуана за медицински потреби, Предраг Колувија е успасен во родната Србија за незаконско одгледување марихуана. Колувија, кој е познат како српски „крал“ на органската храна е партнер со „Бул-билдинг“ од Струмица, компанија која има дозвола од владата за одгледување на канабис за медицински цели.
„Бул-билдинг“ не е основана од српскиот бизнисмен, туку тој влегол во нејзината сопственичка структура во март 2019 година, а негови актуелни партнери во Струмица се една компанија – „Минстрој Холдинг“ и две физички лица – Александар Пиперевалиев и Горан Крстев.
Вториот партнер на Колувија во „Бул-билдинг“, Горан Крстев, е познат бизнисмен од Струмица и пријател на семејството Заеви.
За Крстев медиумите пишуваа дека тој бил четири години работел во Солун и на Халкидики во градежниот сектор како изведувач. Тој е косопственик на три фирми со семејството Заеви, пишува „Тессњуз“.
Според написот, Крстев поседува бугарски пасош со место на живеење во Петрич. Тој е косопственик на фирмата „Сара-Јавор енгинеринг ЛЛЦ Струмица“ заедно со братот на Заев, Вице Заев, со кого имаат уште една задничка фирма.
Comments are closed for this post.