Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Зоран Заев јавно на медиумите? – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ветото на Бугарија на нашите евроинтеграции има име и презиме, тоа е Зоран Заев. Тој се коцкаше со македонските национални интереси, се коцкаше со идентитетот, со народот, односно играше ол ин и загуби, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Не загуби само тој, загуби целиот македонски народ, заради неговото коцкање. Заев три години ветуваше дека го заштитил идентитетот, јазикот и народот, дека добил писмени гаранции за датум за почеток на преговори и што ли уште не. Но, тој лажеше бесрамно и затоа замолувам да погледнеме едно видео каде што го лажеше целиот македонски народ. Зоран Заев во очи ги гледаше граѓаните и ги лажеше и се уште ги лаже. Но, веќе се е кристално јасно, нема повеќе кого да лаже. Поразена е неговата патлиџан дипломатија и свиткана кичма. Македонија со Заев е оставена на ветрометина. Нема ни црвени линии, ниту бетониран идентитет, ниту датум. Оттука постојат отворени сомнежи дека Заев за да се заштити влегува уште подлабоко во своето пазарџиство и нуди се што може да понуди. Прашуваме, дали освен идентитетските прашања, за кои и самите потврдија дека ги тргувале во Берлин, на маса се и други концесии кои Заев ги ветувал на одредени структури во Бугарија? Кои се тие концесии? Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Зоран Заев јавно на медиумите? Тука повторно и денес би ги потенцирал делот кој го поседува Владата на Македонија во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку државни компании? – рече Арсовски.
Поради Заев, Македонија само губи, а ништо не добива. Затоа Заев, Димитров и целата влада треба да си поднесат оставка, а Република Македонија да добие нова влада за национален спас, кој ќе ја извади од ќор-сокакот во кој ја доведе Заев и целата негова влада – истакна Арсовски.
Comments are closed for this post.