Гласањето во парламентот за Преспанскиот договор да биде тајно и според сопственото убедување, а не според партиски линии, препорача денес Никос Коѕијас.

Во исто време, поранешниот шеф на грчката дипломатија изрази уверување дека ќе има јасно парламентарно мнозинство за Договорот.

Зборувајќи за можноста договорот да не помине во Македонија, Коѕијас истакнува дека тој препорачува „да запрат некои луѓе кои сакаат Грција да нема доверба и да се однесува како жртва на големи планови“ кон мали држави кои дури сакаат да бидат наши пријатели.

Според Коѕијас, Сириза може да победи на наредните избори доколку владата стане повеќе внимателна, некои од нејзините членови бидат помалку фриволнии да работат напорно, но исто така и под услов да ја прекинат соработката со АНЕЛ на Каменос.

Тој зборуваше и за едно друго важно прашање а кое предизвика жестоки реакции од соседна Турција – проширување на територијалните води за 12 наутички милји.

„Поддржувачите на инертноста не сакаат Грција да ги прошири своите поморски територии врз основа тоа да биде сторено во делови, зашто се смета дека треба да се биде тивок во однос на трети страни. Но, вистинско повлекување е кога вие ништо не правите во име на имање проблеми или нешто друго“, истакнува тој.