Макeдонија однесе дипломатска победа во Брисел. Значи можело и без лигавење и продавање на националните интереси.

Честито старо-нова коалиција . Пиштолите и розите се враќаат. Како се вика, старата љубов тешко се заборава. Како ќе функционираат, се знае,коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.

Не им иде памет, та со Таче , та со Венко, матрицата е таа, поданичка. Ќе коалицираат ако треба и со црниот ѓавол само за да освојат два-три градоначалници во оние општини каде што ДУИ има гласачи .А тоа што нема да имаат канднидати во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга, нема врска, таму и онаку не очекуваат гласови. Вакво предавство на своите поддржувачи има направено само Бучко со територијалната поделба во 2004 година.

Ејј заборавија што им правеа ДУИ. Имаше повеќе министри од Мала Речица во Владата отколку од Бихачка. Убаво викаше Сања Лукаревска, која можеби е една од попеметните во СДСМ.

Политиките на ДУИ ни се удрија од глава. Еве овој слоган може да го земат во изборната кампања.

Петте минути течат а уште сме кај СДСМ, што да правиме кога се непресушен извор.

За СДСМ се е политика, ситни политички поени. Шибицарење. Дури и трагедијата во Кочани самаат да ја искористат за политички цели. Aки Акиов , коалициски партнер на СДСМ и советник во опптината откако испровоцира дека власта ги изгорела децата и дека неправи ништо за нивно лечење тргна да мава со шишиња по неговите колеги советници.

Грција забрани фестивал во Лерин само затоа што се играло и пеело на македонски јазик.

foto Vetonews

Ништо ново откако лани го затворија Центарот за македонски јазик, исто така во Лерин. До каде ќе оди добрососедството на Заев и Димитров требаше да ни стане јасно откако во Договорот од Преспа прифатија дека има два вида на Македонци, Грчки и овие овде , Македончиња.

Еве Заев на овие наши од селото Арменско кај Лерин може да им каже дека не се Македонци.