Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, соопшти Весна Бендевска на денешната прес-конференција.
КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот.
Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување.
Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата, рече Бендевска.
Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.
Comments are closed for this post.