Во соработка и интензивна комуникација со МВР, како што соопшти, веќе се најдени имињата, матичните броеви на сите 40 патници во автобусот кој во земјава влегол на 27 февруари, а во кој се превезувале и двајцата пациенти.
– Во овој момент се прави идентификација и веќе од вечерва и во текот на утрешниот ден патниците после идентификувањето и нивното лоцирање што ќе го направат епидемиолозите заедно со припадници на МВР, ќе бидат интервјуирани и согласно податоците што ќе ги дадат, но и согласно нивната здравствена состојба, анализата на контактите што тие ги имале во меѓувреме, ќе бидат преземени и соодветни мерки, рече министерот за здравство
Comments are closed for this post.