Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска најави дека многу скоро ќе биде распишан оглас за најмалку 500 нови полициски службеници.

– Имаме обука што траеше и требаше да биде завршена до крајот на годината, но заради тоа што беше прекината продолжува до март, а од март ќе ни треба нова група на кандидати кои ќе тргнат на обука за полициски службеници, Врз основа на  потребите што ги има МВР во наредниот период ќе се распише тој оглас за најмалку 500 нови полициски службеници, информира Спасовски на денешната прес-конференција на која говореше за она што е сработено во МВР во изминатите 100 дена.