На следната седница на Советот на Скопје, што ќе се одржи идната недела, советниците ќе расправаат за предлогот за преименување на гаражите „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“.
Според предлогот на Град Скопје, гаражата „Македонска фаланга“ лоцирана на улицата „Свети Кирил и Методиј“, во близина на трговскиот центар „Рамстор“, ќе се вика „26-ти Јули“. Поводот е 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот.
Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26-ти Јули 1963 година, стои во образложението на предлогот.
Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улицата „Даме Груев“, се предлага да се преименува во „Беко“ поради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од поранешната стоковна куќа „Беко“.
Comments are closed for this post.