Поради презафатеност, денеска не се одржа колегиумот, но на првата наредна седница ќе предложам да ги побараме документите за оваа јавна набавка и доколку има основи за наше постапување ќе отвориме предмет, изјави за Економски лидер.мк, членот на Државната комисија за спречување корупција, Катица Николовска.
Антикорупциска за денеска најави дека по допрен глас ќе го разгледа договорот, што го потпишал скопскиот градоначалник Петре Шилегов со приватната фирма „Аполо инженеринг“ за чистење снег оваа и наредната зима во вредност од речиси 65 милиони денари. Во оваа сума се вклучени само 40 часа работа на механизацијата на месечно ниво, а се над тоа се плаќа дополнително, што значи дека оваа сума ќе расте вртоглаво.
Според документите што ги објави Економски лидер.мк, само за првите два месеца Шилегов кон фирмата добитник на тендерот исплатил околу 263.000 евра, а за истиот овој период фирмата има реални трошоци од нула денари заради тоа што немаше снег.
Инаку, носител на зимската служба во градот Скопје е ЈП Улици и патишта, основано од Град Скопје. Ова претпријатие има многу стара механизација, пишува порталот, односно преку 40 години е старост на најголем дел од камионите. Но, стара била и механизацијата која ја користи фирмата добитник на тендерот. Најголем дел од возилата се со старост над 15 години, најголем дел донесени од Велика Британија, со цена не поголема од 30 000 евра за едно возило.
Comments are closed for this post.