Македонија е пред економски колапс, а неспособноста и криминалот, картелот на власт ги покрива со распродажба на државните и национални интереси. Луѓе кои бараат поткуп од едно евро за сопствениот брат и едно евро за црквата, во која било европска земја би биле во затвор, а не да водат партија или влада. Аболицирани криминалци на чело на држава не се европска вредност, туку гаранција за општ грабеж на народот и државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите економски параметри ја покажуваат катастрофалната слика за македонската економија. Нема капитални инвестиции, растот на бруто домашниот производ е еднаков на нула, а сведоци сме на фирми кои повторно како во мрачните 90-ти заминуваат во стечај, додека вработените остануваат без своето парче леб. Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев се врати да ја заврши работата која ја започна во 90-тите, транзиционите политичари се вратија да искрадат тоа што пропуштиле или што се изградило минатите десетина години. Со оваа стапка на задолжување должничкото ропство за македонскиот народ е неизбежно. За трагедијата да биде уште поголема милионите евра од задолжувањето не се инвестираат во македонската економија, а тоа го покажува и очајната реализација на капиталните инвестиции. За првите 9 месеци неспособната влада на Заев не успеала да реализира ниту една третина од планираните капитални инвестиции, односно реализирале катастрофални 27,4 проценти од планираните капитални инвестиции. Нема изградба на нов клинички центар во Скопје, нема ниту 600 километри автопат, ниту 550 километри магистрални патишта, ниту пак има 1.100 километри локални патишта. Нема ни трага ни глас од најавуваната гасификација на Македонија. Резултатите од работењето на владата на Заев во областа на економијата се една голема нула, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека парите од задолжувањето на граѓаните преку тендери и криминални иновации завршуваат во фирми на високи владини и партиски функционери на СДСМ.
Обвинителството е слепо на криминалното работење на власта, а наместо да го казнува ограбувањето на државни пари од буџетот на државата истото го амнестира. Во Македонија ќе се врати економскиот раст, ќе се реализираат нови инфраструктурни проекти, кога Заев и неговата тајфа ќе заминат и ќе одговораат за своите криминали. Ќе се врати економската благосостојба и ќе има правда само кога Заев ќе замине во својата политичка пензија! Само така и само тогаш Македонија ќе има иднина, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.