Уште неколку денови остануваат за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието неопходни за уставни измени. Овој рок си го зададе премиерот Зоран Заев, по што ако преговорите со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пропаднат ќе се оди на избори.
Но, кога и какви избори ќе се организираат?Ако владејачкото мнозинство мнозинство одлучи Собранието да се распушти во тој случај избори ќе мора да се распишат за најмногу 60 дена.
Но тој рок пак е спротивен на Законот за влада, според кој согласно договорот од Пржино треба да се избере Техничка влада со мандат од сто дена пред изборите.
Се чини дека во оваа игра со бројки никој нема намера да попушти. Заев во интервју за грчки „Јуроњуз“, вели дека на избори ќе одат само ако тоа е неопходно, односно ако не можат да обезбедат двотретинско мнозинство.
На Македонија не и се потребни избори. Македонија сега е на правилен пат. Ќе отвориме едно поглавје во јуни. Ќе имаме наше место на масата на разговори во Брисел и во НАТО со почеток на ратификацијата на протоколот во парламентите на 29 држави членки на НАТО. Од економски аспект, Македонија се наоѓа во одлична ситуација и нема потреба да одиме на избори, Освен ако не е потребно. А секако, ако распишеме избори очигледната цел ќе биде 2/3 односно 80 пратеници.
Но, и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ги кажа своите услови за избори .Според Мицкоски владата е целосно делигитимирана и дека е неопходно да има избори според пржинскиот модел или пак другата опција е Заев да се откаже од договорот и веднаш да се оди на избори.
Според последните информации кои доаѓаат од двата табори, тешко дека власта ќе успее да дојде до неопходните 80 пратеник. Згора на тоа доаѓаат најави дека пратениците од Социјалистичката партија кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за уставни измени како што претходно се очекуваше.
Во ситуација кога најголем дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со изјави на социјалните медиуми гарантираа дека нема да гласаат за уставни изјави , најреалната опција е да се распишат предвремени избори иако се најавува дека промената на уставот следната недела ќе влезе во собраниска процедура.
Во лов на колеги пратеници од опизцвијата е пуштен координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Неодмана рече дека комуница со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна нема најава дали сите пратеници од мнозинството ќе ги поддржат уставните измени. Под знак прашалник е гласот на независниот пратеник Ферид Мухиќ.
Comments are closed for this post.