Премиерот Зоран Заев одамна излегол од Муртино, ама муртинското не излегло од него, ниту, пак, некогаш ќе излезе. И така, наместо во Европа, Европа ќе ја носи дома, ама на муртински начин.
А, тој муртински, простачки начин подразбира со раце да го покажуваш „стапот“. Синоќа тоа беше случај во скопски Аеродром. Угледниот, достоинствен и чесен премиер на аеродромци и на скопјани им го покажа „стапот“ по математика. За таа, де, што наводно си ја направиле Данела Арсовска и Тимчо Муцунски за квадрати.
Е сега, дали тој истиот премиер Зоран Заев денеска на средбата и заедничкиот ручек со германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и бугарскиот Румен Радев, ќе се осмели истото и ним да им го направи? Да им го покаже „стапот“! По математика. Онаа нивната, што си ја направиле за конечен почеток на официјалните преговори на Македонија за членство во ЕУ. Па, можеби и ќе му се насмеат. Онака слатко, како што се изнасмеаја сопартијците на Заев во Аеродром.
Би било интересно да се види „храброста“, „машкоста“ и простаклукот на Зоран Заев во друштво на првите луѓе на Европа. Ќе му честитаат дури, а можеби и ќе го предложат за Нобелова награда. Овојпат не за мир, туку за „стап“ математика.
Кожа да ти се наежи кога ќе си помислиш дека има дури и луѓе со академски титули кои гласаат за пиперкава. Не само тоа, уште ги нарекуваше таквите „и шуто и рогато”. Нема поголем срам од тоа да гласаш за Заев или било што поврзано со него. https://t.co/OSXpkSDheb
— Atanas Kirjakovski (@profKirjakovski) October 6, 2021
Нему и онака му остана стапот. Само не неговиот, туку оној од политиката на „морков и стап“. Со него толку од Европа.
Comments are closed for this post.