Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.
Камчев го побара времениот пасош поради неодложни службени патувања и задолжителна едукација.
Покрај Камчев, во случајот „Империја“ осомничени се и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Цветан Панделески, Владислав Стајковиќ и уште седуммина други за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.
Comments are closed for this post.