Во Апелацискиот суд во Скопје пристина нова жалба од адвокатите на поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева, по одлуката на Кривичниот суд да не се прифати гаранцијата која е понудена за укинување или за замена со куќен притвор. Јанева преку својата aдвокатка Ирена Фрчкоска достави предлог до Кривичниот суд за укинување на притворот, за што како гаранција ги понуди двата стана на синот и ќерката и уште еден стан на член на потесното семејство.

По разгледување и ценење на предлогот и мислењето од надлежното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција се отфрла како недозволен, а предлогот за определување мерки за претпазливост се одбива како неоснован – соопштија од Кривичниот суд.

Жалбата денеска е поднесена до Апелациониот суд. Претходно овој суд ја одби жалбата на Јанева за одлуката на Кривичен да и се продолжи притворот.

Повисокиот суд ја отфли жалбата, но укина уште една точка по чиј основ и беше одреден притворот на Јанева – судот процени дека нема можност да влијае на сведоците затоа што истрагата е завршена, но жалбата и беше одбиена поради опасност од бегство.

Јанева е во притвор од 21 август и е во Шутка повеќе од 45 дена за случајот „Рекет“ во кој е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата како шефица на СЈО.