Не знаев дека Боки 13 врши рекет. Апсолутно не, изјави Александар Кирацовски веднаш по распитот во Специјалното обвнителство за организран криминал и корупција.
Пратеникот од СДСМ на новинарите им рече дека тој на распитот се појавил во својство на сведок во случајот „Рекет“.
Не знаев дека Боки 13 вршел рекет. Апсолутно не. Не сметам дека секој што се сликал со него направил какво било зло“, рече Кирацовски.
На прашањето какви односи имал со Бојан Јовановски, Кирацовски рече дека учествувал во ТВ емисија, во дебата и „ништо повеќе од тоа“.
Мислам дека истрагата има правилен тек. Нема никаква врска истрагата со мене и со Кичеец, Камчев и тнт. Јас бев повикан за нешто друго. Не можам да откривам детали од истрагата, но јас сум во форма на сведок за нешто што имам информации“, изјави тој.
Кирацовски додаде дека „наша слабост е што не сме знаеле што се случува“ и оти „ние треба да излеземе како победници, на видело да излее правдата и вистината“.
Во врска со проектот за старски домови и евебтуалната негова вмешаност во тој проект во има сомнеж дека е клучена невладината Меѓународен сојуз на Боки 13, Кирацовски рече дека „истрагата треба да потврди што се случувало со проектот за старски домови, проект кој за жал е инкриминиран“.
Тој нагласи дека се надева оти „од денес ќе заврши ширењето клажни вести, туку ќе преовладуваат аргументите и вистината“.
Героски ми призна дека направил фаул
Тој се осврна и на написите од новинарот Бранко Героски, при што кажа дека не се препознава под псевдонимите во неговите написи.
Се сретнав еднаш со него и ми призна дека во однос на мене ми призна дека направил фаул“, рече Кирацовски.
Comments are closed for this post.