Кривичните пријави против претседателот на Собранието Талат Џафери, заменикот секретар на Собранието и до директорот на „Службен весник” се без предметни, изјави генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
За време на денешниот престој во Битола, Кирацовски истакна дека СДСМ во целост го поддржа потегот на претседателот на Собранието на Република Македонија во врска со потпишувањето на Законот за употреба на јазиците, како и ратификацијата на Договорот со Република Грција.
„Ние како политичка партија целосно го поддржуваме потегот на претседателот на Собранието Талат Џафери, односно потпишувањето на Законот за употреба на јазиците и ратификација на Договорот со Република Грција. Претседателот Ѓорге Иванов согласно член 75 став 3 од Уставот на Република Македонија беше должен да го потпише Законот за употреба на јазиците затоа што два пати минуваше и беше изгласан во Собранието на Република Македонија, и затоа сметам дека кривичните пријави против претседателот на Собранието на Република Македонија се без предметни, а дали ќе има основа за поднесување кривична пријава против претседателот на државата, искрено да ви кажам нити сме размислувале, нити пак е вредно да се размислува“, изјави Кирацовски.
Comments are closed for this post.