Драгана Колевска, која работела во домот на Бојан Јовановски, ги наброја политичарите кои доаѓале кај него дома.
Доаѓаа Радмила Шекеринска, Катица Јанева, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Орце Камчев, Зоран Милевски, Сергеј Варошлија, Венко Филипче, Анета Кочишки, наброја Колевска.
Таа рече дека кога тие доаѓале ги послужувала со кафе и сок, а понекогаш и јадење.
Колевска додаде дека гости во домот биле и новинарите и уредници Ацо Кабранов и Јадранка Костова, но таа не слушала за што зборуваат со Боки 13.
Comments are closed for this post.