Македонија вчера ја доби првата пратка на вакцините од Србија, кои ќе се употребат за здравствените работници, а се уште се чека на 200 илјади кинески вакцини.

Како што истакна премиерот Зоран Заев, вакцините би требало да стигнат во нашата држава до крајот на овој месец.

Снабдувањето за кинеската вакцина е во постапка. Ветувањето е дека до крајот на февруари ќе стигнат кинеските вакцини. Тоа се очекува од крајот на оваа, до крајот на следната седмица, истакна Заев.