Специјалната обвинителка Катица Јанева која од вчера е во домашен притвор ќе престојува во станот на нејзиниот син Лазар во центарот на Скопје.

Оваа информација немаше да биде никакво изненадување ако се знае дека нејзиниот син, иако сè уште не е обвинет, е индиректно поврзан со аферата „Рекет“ и со 1ТВ на Бојан Јовановски.

Веднаш по избивањето на овој случај, Лазар на обвинителката Вилма Рускоска ѝ тврдел дека мајка му го изгубила телефонот во Белград.

Но, по неколку дена мобилниот телефон беше пронајден кај сестрата на девојката на Лазар, која притоа беше вработена во СЈО.

На почетокот на октомври пак МВР влезе во 1ТВ и го одзеде компутерот на Јанев, но досега не се соооштени детали што било пронајдено во него.

Згора на тоа Јанева никогаш не криеше дека нејзиниот син е вработен во 1ТВ и тврдеше дека таму е поради неговата компетенција, а не поради нејзиното пријателство со Бојан Јовановски.

Пред неколку дена, пак, бизнисменот Орце Камчев најави дека поднел кривична пријава против ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова. Информацијата за „Фокус“ ја потврди шефицата Вилма Рускоска, која вели дека ја парафирала кривичната пријава бидејќи сакале да се здобијат со имотна корист изнудувајќи му финансиски средства