Синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, на обвинителката Вилма Русковска ѝ рекол дека неговата мајка го изгубила вториот телефон во – Белград. Во интервјуто за Сител Русковска рече дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.
Лазар Јанев е директор на маркетинг во 1ТВ, каде по апсењето на Бојан Јовановски беше извршен претрес. Во понеделникот, 15 овој месец, полиција по налог ѝ го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева, но не и другиот за кој изјавила дека го изгубила.
Русковска рече дека судот би морал да ги земе предвид како докази снимките кои сега се анализираат во Обвинителството. Таа се повика на препораките на Венецијанскта комисија според која јавниот интерес е поважен од тоа дали снимките се обезбедени на нелгеален начин.
Таа откри и еден интересен детаљ, дека некои од снимките се обезбедени во домот на сведокот. Инаку вештачењата се уште се во тек, а најпрвин ќе се анализира телфонот на Катица Јанева.
Comments are closed for this post.