Билал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ и кандидат за нов мандат за градоначалник на Тетово, вели дека неговата изјава за поддршка на кандидатот на НАИ во Кичево, Фатмир Дехари била погрешно протолкувана бидејќи, како што нагласува, противниците на ВРЕДИ се обиделе да ја отворат етничката карта на овие избори. Реакцијата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ја гледа како „опомена“, објаснувајќи дека неговата изјава за Кичево е извадена од контекст.
Според него, треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој била дадена изјавата, како и околностите во кои потоа била пренесена. Со тоа, нагласува, таа целосно била извадена од нејзината првична идеја.
– Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана – нагласи Касами.







Comments are closed for this post.