Еден ден по изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во која искажа куп навреди за Македонците нема никаква реакција од владата на Заев. По завршувањето на средбата меѓу Заев и Борисов, изјава даде единствено Каракачанов кој беше јасен дека Бугарија нема да попушти ниту за милимeтар и дека од Македонија зависи дали ќе ги прифати бугарските уцени.
А тие не се ни малку наивни и директно задираат во македонскиот идентитет, јазик, историја. Ако од ова се откажаме Македонците ќе бидат обезличени само заради некаков почеток на преговори со ЕУ каде е нејасно дали некогаш ќе влеземе и во каква форма ќе биде самата Унија.
Каракачанов во стил на учител, на ученичињата во Скопје им даде ултиматум до петок да ги прифатат барањата. Но, ако од бугарскиот националист тоа и може да се очекува, загрижува изјавата на шефот на дипломатијата Османи дека имало одредени исчекори во надминување на недоразбирањата со Бугарија. Дали за Османи идентитетските прашања се недоразбирање?
Можеби за него се недоразбирање но за македонскиот народ ова се суштински прашања за кои не треба да има ни преговори а камоли договор.
Каракачанов во своето арогантно однесување оди дотаму што нашата земја иронично ја нарекува Македонија додека Заев и неговите министри упорно повторуваат „Северна“.
Comments are closed for this post.