По утринскиот брифинг во Комисијата за заразни болести се обрати и претседателот на истата д-р Жарко Караџовски кој уште еднаш за граѓаните ги повторуваше мерките за заштита од коронавирусот. Вели дека други мерки нема, а доколку има да му се соопштат и тој ќе ги спроведе.
Потенцираше дека свадбите се забранети и никој не дал согласност за истите да се организираат, но додава дека на социјалните мрежи се гледаат како по четири лица седат на маса, добиваат сметка и на крај тоа испаѓа дека е свадба.
Краџовски апелираше да се почитуваат мерките, а овој есенски бран рече дека е подранет според нивните прогнози.
Comments are closed for this post.