Koмисијата за заразни болести направи предлог протокол и тој протокол го дадовме до Министерство за здравство и до Државниот завод за статистика, a понатаму дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука, истакна пртседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека Комисијата не стои зад одлуките дали ќе се спроведува пописот или не.
– Предлог протоколот беше побаран и ние го направивме, понатаму државните институции ќе одлучат дали ќе има или ќе нема попис, на кој начин ќе се спроведува, а ние дадовме повеќе опции за спроведување на пописот. рече Караџовски.
Тој, во однос на епидемиолошката состојба посочи дека се манифестира со зголем број на заразени, но дека се уште може да се менаџира.
– Во самиот дом кај семејството што се попишува, дали се работи за стан, куќа, индивидуално, и дали може да се спроведува попис со одредени епидемиолошки параметри коишто се однесуваат на превенција, тоа значи задолжително носење на заштитна маска за попишувачот и лицата кои ќе бидат попишани, дистанцата која треба да се одржува, користење на заштитна маска, користење на дизенфекциски средства, дистанца од повеќе метри, вклучително и дистанца која што треба да се спроведува и во надворешни услови, појасни Караџовски
Comments are closed for this post.