Kумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски, поседува атрактивна парцела на охридското крајбрежје заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Охрид, Костадин Георгиевски.
Медиумите ја објавија информацијата врз основа на документите од „Катастар за недвижности“, а информацијата ја потврди и Георгиевски.
„Плацот за кој што зборуваат тие е купен во 2006 година од страна на мојот родител. Кога Жарко Лукоски бил обичен бизнисмен и купено е како градежно земјиште, меѓутоа со поништување на планот на тој потег таму од градежно земјиште е трансферирано во пасиште. И така стои сега во имотниот лист. Ако малце ги знаат законите ќе им биде јасно дека локација/плац које е помал од 20 000 метри квадратни не може да се направи физичка делба, а тоа е плац од 5000 метри квадратни и поради тоа на имотниот лист стои име Жарко Лукоски и јас,а јас сум го добил како подарок од мојот родител кој на времето го купил со Жарко Лукоски“, изјави за Алфа денеска Георгиески.
Инаку се работи за имотниот лист со број 786, за сопственост на парцелите 2743/2 и 2743/3, кои се наоѓаат на атрактивна локација во месноста „Конско“.
Според имотниот лист, парцелите се со вкупна површина од 4,736 метри квадратни и двајцата сопственици, Георгиевски и Луковски се сопственици со еднаков удел 50-50.
Comments are closed for this post.