Претседателската кампања се засилува. Кандидатите и денеска ќе бидат на терен. Стево Пендаровски ќе одржи центарален митинг во Тетово додека пак Силјановска ќе биде во скопските општини Бутел и Карпош.
Вчера двајцата кандидати имаа впечатливи настапи. Силјановска истакна дека не може да премолчи на нешто што е спротивно на правото и правдата и оти мислењето го кажува отворено и гласно.
Сметам дека како професор на факултет не ми е местото да бидам постојано на телевизија. Но, затоа пак, некои постојано се таму, на тв-екраните каде што од утро до вечер го говорат истото. Тие бранат и промовираат нешто што не им излага од срцето. Односно, говорат за она што е поврзано со нивниот статус и привелигии, рече Силјановска Давкова пред тетовчани.
Пендаровски пак ја истакна важноста што конечно Македонија седнала на иста маса со големите држави и учествува во донесувањето на одлуките.
Таков исчекор е незапаметен. Сега треба да продолжиме напред, кон ЕУ, да ги отвориме можностите и да ја обезбедиме иднината. На тие крупни чекори да им дадеме реална вредност на домашен план, во економијата и подобриот живот, порача Пендаровски пред неготинци.
Comments are closed for this post.