Камерите од центарот на Скопје од системот „Safe city“ нема да се користат како доказ во случајот „27 април“.

Одбраната на обвинетите објани дека ги прегледале снимките од строгиот центар на градот, делот околку судовите, но отие во нив нема ништо конкретно што би било интересно ниту за одбраната ниту за обвинителството и затоа е одлучено да не бидат дел од доказите кои ќе ги изведуваат.

На овие снимки нема ништо што е значајно за самиот настан и податоци кои би можеле да се извлечат нема потреба од одолговкелување и малтретирање со нивната презентација и ништо не би се утврдило повеќе од она што веќе се знае – објасни адвокатот Еленко Миланов.