Повеќе од половина милион луѓе се бездомници во САД, се открива во новиот извештај на Белата куќа. Скоро половина од нив се сконцентрирани во една држава – Калифорнија.
Таканаречената „Златна држава“ е дом на 47% од сите бездомници без никакво засолниште низ целата земја, што значи луѓе кои спијат по тротоари, паркови, автомобили и напуштени згради, а не засолништа, се вели во новиот извештај за бездомноста на Советот на економски советници во Белата куќа. Дури 35 проценти од бездомиците немаат никакво осигурување.
На градско ниво, четири од петте градови со најголема стапка на бездомност се повторно во Калифорнија: Сан Франциско, Лос Анџелес, Санта Роса и Сан Хозе. Сиетл им се придружува на овие градови во Калифорнија во првите пет.
Извештајот е фактички, откако во последниве недели се појавија вести дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп би можела да направи федерална интервенција во Калифорнија за решавање на бездомништвото во државата.
Во однос на процентот на луѓе кои се сметаат за бездомници прв на листата е округот Колумбија, каде има 5,8 пати над просекот во САД. Следуваат Њујорк, Хаваи, Орегон и Калифорнија. Овие пет држави заедно претставуваат 20% од вкупното американско население, но исто така и 45% од популацијата на бездомници во земјата.
Comments are closed for this post.