Новиот закон за Јавно обвинителство не може да го реши проблемот со запрените истраги, односно обвиненијата покренати 18 месеци по преземањето на бомбите, вели универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев. Притоа посочува дека не може наназад да уреди дали некои истраги треба да продолжат.
Ако некои истраги требало да запрат, не може некој закон потоа да ги продолжи“, рече тој.
Тој порача дека судството треба да престане да чека одлуки од политката.
Едно решение за проблемот со СЈО даде Врховниот суд, со кое не се согласува Обвинителството. Кој би можел да го толкува тој закон кој е дел од пржинскиот договор?Такви оригинални ликови коишто би учествувале, т.е. да ја знаат идејата на тој спорен член 22, во моментов нема. Такви изјави дадоа само Ванхојте, па и самиот премиер, врзано дека тој рок од 18 месеци бил предмет на договор, кој во тој момент беше јасен. Беше јасен и според постапувањето на СЈО. Тие брзаа со доставување на предметите, па после тоа настапи затишје“, јавно запраша Калајџиев.
Кога е во прашање иднината на СЈО, според него не е добро што во општеството постои поделеност.
Comments are closed for this post.