Професорот Гордан Калајџиев во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека невообичаено е што Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески не застанал зад шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Вообичаено е обвинителот да ги поддржи своите, да даде поддршка на своите луѓе и да ги онезможи притисоците кон нив. Во овој случај некако како државниот обвинител да застана на другата страна. Дали тоа значи негова коруптивност врзана со изборот во Уставниот суд или некоја друга… Ние знаеме дека едноставно нашиот начин на поставување на главниот обвинител, кој го назначува, односно го предлага владата, е суштински погрешен и воведува до постојани проблеми на влијание на извршната власт и политичката елита врз Обвинителството, што е многу штетно со оглед на хиерархијата внатре во Обвинителството.“,рече Калајџиев.
Comments are closed for this post.