Пратеничката Благица Ласоска во своето комисиско излагање му порача на претседателот Павле Богоевски дека не станува од место за да го гледа во очи, прашувајќи го големи прашања околу борбата на Шарената револуција, велејќи му дека ги изневерил луѓето кои таму се бореле.
-Какво е чувството да ти кажат како да гласаш за да пратиш колега во притвор. За тоа ли беше Шарената револуција, за одмазда ли се бореше?, прашува Ласоска.
Таа го праша дали мисли дека притворот на Димовски не е порачан?
-Колегата Љупчо Димовски имаше едно обвинение многу поголемо. Тој не избега кога имаше многу поголемо дело, потенцира Ласоска.
Вели и дека со ова се праќа порака дека кој не гласал за промена на името го чека одмазда.
Comments are closed for this post.