Американски стратешки бомбардери Б-52 денеска прелетаа на територијата на сите 30 земји членки на НАТО со цел да демонстрираат солидарност во рамки на западната воена алијанса.
Како што пренесуваат странските агенции, четири авиони летаа над териториите на европските членки на НАТО, а два прелетаа над територијата на Канада и САД.
– Посветеноста на Америка кон безбедноста на земјите од нашата алијанса и безбедноста во светот е силна како челик, рече американскиот генерал Тод Вотерс, началник на Генералштабот на американско-европската команда.
Ова е едно од најмоќните оружја во арсеналот на летала на војската на САД. Леталото од своето пуштање во употреба од 1955 година па досега, било употребувано во голем број војни, конфликти и судири каде што учествувала армијата на Америка.
Американскиот интернет-портал „Милитери“ пишува дека воздухопловот е произведен од компанијата „Боинг“, и тоа претставува едно од најзначајните стратегиски оружја, кое го одбележува американското дејствување во периодот на Студената војна бидејќи примарна употреба му е да пренесува нуклеарно оружје
Comments are closed for this post.